А-Тест на Возила
А-Тест на Возила
Широкиот опсег на акредитирани дејности и овластувањата од Министерството за економија на Република Македонија ни овозможуваат да вршиме сложени испитувања и одобрувања на голем број на преправки кај моторните возила. Во нашиот испитен центар можете да извршите одобрување (популарно наречен атест) на следните преправки кај моторните возила.
- Возило на кое е надградена каросеријата, односно е извршено доопремување со соодвети уреди, со што се преправа од еден во друг вид, варијанта или изведба (на пример од товарно во патничко возило, од отворено во затворено и слично)
- Возило на кое е реконструирана постоечката каросерија во однос на димензиите, конструкцијата или материјалите од кои е изработено, при што не го менува видот, варијантата или изведбата.
- Возило на кое е променета кабината со кабина од друга изведба, а од ист или друг произведувач, или пак на кое кабината е реконструирана во однос на изведбата на бројот на седишта или легла.
- Возоло на кое е променет бројот на седишта или пак е променета насоката на поставеност на седиштата.
- Возило на кое е извршена промена на самоносечката каросерија, односно носечката рамка.
- Возило на кое е променет вкупниот број на оски, променет видот на оските.
- Возило на кое е преправен системот за сопирање
- Возило на кое е преправен уредот за трансмисија
- Возило на кое е преправен издувниот систем
- Возило на кое се преправени или дополнително вградени уреди за осветлување и сигнализација, на места кои не се предвидени од производителот.
- Возило на кое е променета положбата на погонскиот мотор или уредите од трансмисиата.
- Возило на кое се променети некои од димензиите во однос на матичната изведба.
- Возило на кое се променети, тркалата, пневматиците, нагибот или трагот на тркалата.
- Уред за погон на возилото на компримиран или течен нафтен гас (LPG и CNG)
- Заштитни фолии и затемнети стакла
- Дополнителни команди за управување од лица со посебни потреби
- Паралелни команди за возила за обука на возачи
- Уред за спојување на влечно со приклучно возило (приклучен уред)