Комерцијални возила
Комерцијални возила
Ги финансира сите видови на патнички возила нови или половни, независно од марката и производителот на возилото, било да се работи за набавка на едно возило или за цела флота на возила. На секој клиент му приоѓаме индивидуално, транспарентно и партнерски.
Доколку се одлучите за лизинг, по изборот на возилото, приберете ја потребната документација и обратете ни се.
Кој може да биде корисник на лизинг?
- Правни лица
Типови на лизинг:
- Финансиски
- Оперативен
Процедура:
Одберете возило кај добавувачот и земете профактура која мора да содржи:
- продажна цена на возилото
- вид, марка и тип на возило
- технички карактеристики (спецификација)
- година на производство
- за половни возила треба да биде наведена поминатата километража
Приберете ја потребната документација и доставете ја кај нас. По проверка на бонитетот и одобрување на барањето за лизинг, Корисникот на лизинг треба да ги уплати учеството (или гарантниот депозит) и трошокот за обработка, како и да изработи полиси за осигурување на Предметот на лизинг. Потоа Корисникот на лизинг доаѓа на потпис на договорот кај нотар по што следи вршење уплата на добавувачот.
Добавувачот го испорачува возилото директно на Корисникот на лизинг. Истиот потпишува записник за примопредавање на возилото, го превзема и ја извршува регистрацијата.
Осигурување и стандардни инструменти за обезбедување на плаќањата:
- За правни лица - меници, како и гаранција на сопственикот или управителот со лична меница
- Секое возило мора да има полиса за автоодговорност и каско осигурување.