Проверка на EURO Стандард
Проверка на EURO Стандард
EURO (European emission standards) Европските стандарди за емисија или скратено EURO стандарди, се пропишани од страна на Европската унија и ги дефинираат прифатливите граници за емисија на издувни гасови и ги поставуваат максималните граници за емисија на штетни честички на возилата во движење. Стандардите за емисија се дефинирани во серија прецизни и стриктни директиви, во кои се предвидува прогресивно воведување на сè построги правила кои се применуваат кај новите возила што се продаваат во земјите членки на Европската унија.
Законот за возила пропишува задолжителна проверка на издувните гасови при прегледот на техничката исправност на возилата.
Во моментов на сила е EURO 6 стандардот. Максималните вредности на емисија на микро честички и азотни оксиди на овој стандард се уште пониски од претходниот EURO 5 стандард.
Во нашата држава не е можен увоз на возила со понизок еколошки стандард од EURO 4.
Доколку сакате да увезете возило од странство, овој документ ви е потребен и за утврдување на данокот на моторно возило според СО2 издувните гасови.
Начини на плаќање
Мобиле Мк ДОО Ви овозможува да плаќате безбедно и сигурно преку Налог за пренос (Образец ПП30). Налогот можете да го реализирате во најблиската банка или пошта до Вас, или преку интернет банкарство.
Откако трансакцијата ќе биде потврдена од наша страна, документот ќе ви биде испратен на адресата која ќе ја наведете во формуларот подолу.
Уплатницата треба да ги содржи следните информации:
Цел на дознака: Проверка на ЕУРО стандард
Назив и седиште на примачот: Мобиле Мк ДОО
Трансакциска сметка на примач: 270-0697107501-03
Банка: ХАЛКБАНК А.Д. Скопје
Износ: 300,00 ден.
Пример за пополнета уплатница:
Провери EURO стандард
Примери за странски сообраќајни дозволи
Примери за идентификациски таблички*
* Изгледот и местоположбата на овие таблички се разликува не само од производител до производител, туку и од модел до модел.