Останати Услуги

Посебно Техничко-Експлоатациони Услови

Превозот во патниот сообраќај се врши со моторни и приклучни возила што ги исполнуваат условите утврдени со прописите за безбедноста на сообраќајот и посебните техничко-експлоатациони услови пропишани за одделните видови на превоз.

Овластена техничка служба издава потврда за исполнување на посебни техничко-експлоатациони услови за возилата со кои се врши превоз во патниот сообраќај.

Сертификат за Подготвеност за Сообраќај (ЦЕМТ)

ЕКМТ (Европска конференција на министрите за транспорт) дозвола се користи за превоз меѓу држави членки на организацијата ЕКМТ и транзит преку нивните територии.

За добивање на ЕКМТ дозвола, превозникот, покрај останатите критериуми согласно Законот за превоз во патниот сообраќај, мора да поседува и сертификат за подготвеност за сообраќај на товарните моторни и приклучни возила, кој го издава овластена техничка служба.

Втиснување на Идентификациски Ознаки

Постапката на втиснување идентификациски ознаки се однесува на возилата регистрирани во Република Македонија кај кои од кои било причини идентификациската ознака на рамката на возилото (шасијата) или идентификациската ознака на моторот на возилото се оштетени/нечитливи, а истото е утврдено при вршење на технички преглед на возилото.

Закажи термин


Јавете се на:

+ 389 (0) 70 363 905

Пишете ни на:

info@mobile.mk

Јавете се на:

+ 389 (0) 70 363 905

Пишете ни на:

info@mobile.mk